речник контакт

Се појавија и теории на заговор: Цунамито во Јапонија го предизвикал американскиот проект ХААРП?

Теоретичарите на завера тврдат дека ХААРП или сличен уред за контрола на времето веќе се користел над Јапонија

Петар Печков

По двојната катастрофа во Јапонија, земјотресот и цунамито, а потоа и повеќекратните експлозии во оштетената нуклеарна електрана Фукушима, како што тоа обично се случува по такви настани на итернет се појавија теории на заговор дека за сите несреќи во „земјата на изгреј сонцето“ е виновна американската Програма за активно аурорално истражување на високи фреквенции или ХААРП (High Frequency Active Auroral Research Program).  http://en.wikipedia.org/wiki/High_Frequency_Active_Auroral_Research_Program

Имено, заговорниците тврдат дека ХААРП - http://www.haarp.alaska.edu/  по повеќенеделната електромагнетна тишина почнал да работи околу полноќ според ГМТ, или околу 1 час според ЦЕТ, и дека од тогаш силно работел. Во своите теории изложуваат докази за поврзаноста на ХААРП или сличен уред за контрола на времето, веќе користен над таа земја.

Како последен силен аргумент се повикуваат на земјотресот во префектурата Ниигата во 2007 година, а во врска со тоа го објавуваат и натписот наречен „Западните банкари се закануваат на Јапонија со ХААРП-ово еко уништување една година пред земјотресот во Кина“ - - http://milkhouse-mouse.blogspot.com/2008/06/western-bankers-threatened-japan-with.html

Тие предупредуваат дека пред земјотресот во Ниигата - http://en.wikipedia.org/wiki/2007_Ch%C5%ABetsu_offshore_earthquake, но и тие во Кина и Чиле, на небото се видела чудна светлина слична на поларна светлина.

Заговорниците тврдат дека експертите на ХААРП потврдиле дека боите на небото биле предизвикани од електромагнетно пореметување кое се спушта од јоносферата

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »